1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, во четврток температура до -10 степени

Денес променливо облачно, во четврток температура до -10 степени

Изутринава преовладува променливо облачно време, во западните делови на планините има слаби и повремени врнежи од снег. Дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Од УХМР велат дека денес времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и слаби локални врнежи, претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.  Највисоката температура преку денот ќе достигне  од -3 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за слабо проврнување на снег. Температурата ќе достигне до околу нула.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10степени. Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП