17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо повеќе од 100 градови најголем дел од електричната енергија е од...

Во повеќе од 100 градови најголем дел од електричната енергија е од ОИЕ

Над 100 градови во светот веќе генерираат најмалку 70% од електричната енергија од обновливи извори (ОИЕ), покажуваат податоците на непрофитната организација „CDP“.

Во објавената анализа се вели дека во моментов градовите се насочуваат кон обновливи извори на енергија, а над 40 градови, вклучувајќи ги Рејкјавик и Базел, користат 100% електрична енергија од ОИЕ.

„CDP“, порано позната како „Carbon Disclosure Project“, има информации за енергија за повеќе од 570 градови ширум светот.

Меѓу градовите каде што најмалку 70% од електричната енергија е од ОИЕ, се Сиетл, Осло, Ванкувер и Најроби. Според „CDP“ бројот на овие градови во 2018-та година е зголемен повеќе од двојно во споредба со 40-те градови кои се изјасниле дека користат барем 70% електрична енергија од ОИЕ во 2015-та година.

„Градовите кои придонесуваат за 70% од емисиите на јаглерод диоксид и имаат огромен потенцијал да го поведат походот кон одржлива економија“, вели Каира Апелби која одговара за градовите во „CDP“.

Според организацијата, 275 града користат електрична енергија од водени елекотроцентрали, додека 189 градови произведуваат електрична енергија од ветер, а 184 добиваат струја од соларни панели.

Рејкјавик ја генерира целата своја електрична енергија од хидроенергија и геотермална енергија. Електричната енергија во градот Бурлингтон во американската држава Вермонт е генерирана од ветерот, водата, сонцето и биомасата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП