27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчевски-Арслан: Создавање услови за трет мобилен оператор во Македонија

Манчевски-Арслан: Создавање услови за трет мобилен оператор во Македонија

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска оствари работна средба со својот колега од Р. Турција, министерот за транспорт, морепловство и комуникации Ахмет Арслан.

На средбата се разговараше за создавањето на услови за трет мобилен оператор во Македонија, и искуствата на Турција во оваа област.
Министерот Манчевски ги презентираше заложбите на МИОА во делот на дигитализацијата на администрацијата, зголемување на бројот на е-услуги и подготовката на оперативниот план за широкопојасен интернет.

Министерот Манчевски и министерот Арслан, се обврзаа на заедничка соработка и поддршка во наредниот период.

Средбата се одржа во рамки на најголемиот Светски мобилен конгрес, којшто се одржува во Барселона. Министерот Манчевски е дел од конгресот, со цел разговори за создавање на услови за трет мобилен оператор во Македонија, како единствена земја во Европа со помалку од три оператори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар