20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се 10-те најголеми проблеми на денешницата

Ова се 10-те најголеми проблеми на денешницата

Трета година по ред милениумците кои учествуваат во истражувањето на Светскиот економски форум за глобалните ризици веруваат дека климатските промени се најголем проблем на денешницата.

Речиси половина од испитаниците (48,8 проценти) истакнуваат дека најмногу ги загрижуваат климатските промени, а 78,1 процент од нив наведуваат дека би се согласиле да го променат начинот на својот живот за да ја заштитат животната средина.

Испитаниците исто така се согласни и за причинителите на климатските промени. Повеќе од 91 процент од испитаниците се согласуваат со констатацијата дека луѓето се одговорни за климатските промени.

И покрај лошата состојба во која светот денес се наоѓа и стереотипите дека милениумците се себични и апатични, младите меѓу 18 и 35 години се многу загрижени за глобалните прашања и одлучни се да ги решат, пишува Бизнис инсајдер.

Според нивното мислење, ова се десетте најголеми проблеми на денешницата.

10. Недостатаок на прилики за вработување (12,1 проценти)

9. Сигурност и безбедност (14,1 проценти)

8. Недостаток на образование (15,9 проценти)

7. Безбедност на храната и водата (18,2 проценти)

6. Одговорност и транспарентност на владите/корупција (22,7 проценти)

5. Религиски конфликти (23,9 проценти)

4. Сиромаштија (29,2 проценти)

3. Нееднаквост и дискриминација (30,8 проценти)

2. Војни (38,9 проценти)

1. Климатските промени / уништувањето на природата (48,8 проценти)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП