2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија "падна", најмоќните пасоши од Азија, македонскиот на 37. место

Германија “падна”, најмоќните пасоши од Азија, македонскиот на 37. место

Европските земји традиционално имаат најмоќни пасоши во светот.

Сепак, неколку промени во визниот режим на одредени земји значително ги сменија работите. “Passport Index” одредува кои земји одат на врвот на скалата во однос на патничката слобода која ја уживаат нивните граѓани, пишува Вечерњи лист.

Неодамнешните дипломатски одлуки ширум светот ја сменија табелата.

Јужна Кореја ја исфрли Германија и се пласираше на првото место.

Пасошот на Јужна Кореја се смета за најмоќен, заедно со пасошот на Сингапур.

Традиционално, европските земји се со статус на најмоќни пасоши во светот, а сега на “престолот” се две азиски земји. Граѓаните на Јужна Кореја и Сингапур можат да посетат 162 земји без визи.

Следни се Германија и Јапонија со 161 земја.

Од друга страна, имаме земји со најслаби пасоши. Авганистан е земја со најслаб пасош – нивните граѓани можат да влезат само во 26 земји без виза. Следни се Ирак (29), Пакистан (30), Сирија (33) и Сомалија (34).

Пасошот на Македонија е 39-ти и може да посети 112 земји без виза. Од земјите во регионот, Србија е на 37. место и 112 земји кои може да ги посети со својот пасош, Словенија се наоѓа на 10-то место (153 земји), Хрватска на 15. место (148), Босна и Херцеговина се 45-ти (103 земји), Црна Гора Гора на 42. место (108 земји).

Целата листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП