6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ го претстави новиот Х5

БМВ го претстави новиот Х5

2014-BMW-X5-1

Откако на интернет се појавија фотографии од новиот Х5, баварската компанија одлучи и официјално да ја претстави својата трета генерација на својот СУВ со средна големина.

Новиот модел во основа претставува комбинација на актуелнот Х5 со различни стилски елементи кои се превземени од новиот седан од Серија 3 и Х3, а резултатот е напреден и сериозен изглед. На ист начин е развиен и ентериерот кој ги има новите стилски трендови на БМВ, како што е индикаторот на инструмент таблата и 10.2 инчниот контролен екран.

Х5 има седум проценти поголем простор во багажникот во споредба со својот претходник, кој сега изнесува 650 литри, додека со навалени седишта се зголемува на 1870 литри.

2014-BMW-X5-2

БМВ ги претстави и двата нови пакети на опрема „Luxury Line“ и „xLine“, додека во понудата ќе биде и „M Sport“ со веќе вообичаените додатоци, како што се аеродинамичкиот пакет, спортските седишта, 19 инчните фелни и адаптивната М суспензија.

Х5 е за 29 милиметри подолг (4886), за 5 милиметри поширок (1938) и за 14 милиметри понизок (1762) од претходниот модел, додека меѓуосовинското растојание остана непроменето и изнесува 2933 милиметри. Иако е многу малку поголем, новиот модел е за 90 килограми полесен од претходната генерација.

2014-BMW-X5-4

За купувачите на европскиот пазар новиот Х5 наесен ќе пристигне со три верзии во понудата: xDrive30d со 3,0-литарски шестцилиндричен дизел агрегат со 255 KS, xDrive50i со новата генерација на мотор на БМВ со 4,4-литарски V8 бензинец и 444 KS, како и M50d „M Performance“ моделот со шестцилиндричен дизел агрегат со три турбо компресори и 376 KS, како и 5,3 секунди кои се потребни да стигне до „стотка“.

Сите три модели ќе имаат погон на сите четири тркала и осумстепен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП