ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатата година намален бројот на живородени деца

Минатата година намален бројот на живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3 проценти и изнесува 5.352 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12.6 проценти во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП