19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада планира да прифати околу еден милион мигранти до 2020-та

Канада планира да прифати околу еден милион мигранти до 2020-та

Либералните власти во Канада не се откажуваат од плановите да прифатат околу еден милион мигранти од 2018-та година до 2020-та година, пренесе локалните медиуми.

Детали околу оваа иницијатива на владата на премиерот Џастин Трудо ќе даде министерот за финансии Бил Морно кој ќе го претстави во парламентот нацрт федералниот буџет за периодот 2018-2019-та година. Според агенцијата за реализацијата на овој тригодишен миграциски план може да бидат потребни околу 440 милиони канадски долари (речиси 347 милиони долари).

Канадскиот министер за имиграција, бегалци и државјанство, Ахмед Хусеин претходно изјави дека неговото министерство подготви нов план за миграција. Во документот се наведува дека квотата од 2017-та година за 300.000 мигранти ќе биде зголемена во 2018-та година на 310.000, во 2019-та година на 330.000, а во 2020-та година на 340.000 лица. Според неговите зборови, на канадската економија и требаат скоро еден милион имигранти во блиска иднина, бидејќи до 2035-та година пет милиони Канаѓани ќе се пензионираат.

Консултантскиот совет за економски раст му препорача на Трудо да го зголеми бројот на мигрантите во 2018-та година на 350.000 лица, а од 2020-та година да почне да прима по 450.000 лица.

Во периодот 2011-2015, канадската миграциска квотата беше 260.000 мигранти. Традиционално во земјата пристигнуваат бегалци од Блискиот Исток, Азија, Африка и Источна Европа, вклучително и од Русија, Украина и Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП