
Некогаш за повторно да ја повратите силата за животните борби и препреки, потребно е „само“ да погледнете некој добар филм, со јасна и силна порака. Ако се случи да сте на животна крстосница, а имате прилика да слушнете добар совет, без оглед дали е пасус од книга, монолог од филм, или вистински говор на церемонија за доделување на дипломи, тоа можат да бидат така впечатливи реченици, што ќе ги паметите целиот живот.

