3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар: Улиците се исчистени од снегот

Општина Центар: Улиците се исчистени од снегот

Општина Центар извести дека вработените во општината и зимската служба ноќеска ги поминале и ги исчистиле сите улици кои се под надлежност на општина Центар.

„Континуирано се чистат улиците во Мало Курило, Долно Водно и Водно. Исчистени се и улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Пролет и сите приоди до детските градинки и до училиштата. Во текот на ноќта фрлени се 50 тони сол или вкупно со почетокот на снегот фрлени се 110 тони сол на улиците во Центар. Се чисти со неопходната механизација, но и рачно вработените ги чистат улиците и тротоарите. Комуналната инспекција на општина Центар ги предупредува субјектите согласно Законот за комуналните дејности да го исчистат просторот пред влезовите“, велат од Општината.

Додаваат дека надлежните се подготвени доколку повторно падне снег да излезат на терен и да ги исчистат сите критични точки и улици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП