14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца поредени во 13 сообраќајни незгоди во Скопје

Тројца поредени во 13 сообраќајни незгоди во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и 10 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди. Шест возила се исклучени од сообраќајот бидејќи четири возила биле нерегистрирани, додека две биле технички неисправни.

Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле и тројца не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во текот на изминатиот ден издадени се 78 мандатни платни налози, додека 49 возила се подигнати со “Пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП