29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата се поскапа: Залихи во светот има се помалку

Нафтата се поскапа: Залихи во светот има се помалку

На светските пазари цените на нафтата минатата недела пораснале за повеќе од три проценти, втора недела по ред, што е последица од пореметувањето на производството во Либија и назнаките за намалување на залихите во светот.

На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела порасна за 3,6 проценти, на 67,20 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 3,1 проценти, на 63,60 долари.

Растот на цените минатата недела го поттикнаа неколку вести, меѓу останатото, и веста за затворањето на нафтеното поле El Feel во Либија, на кое се произведуваа 70.000 барели дневно. Таа земја, инаку, произведува милион барели дневно, но со големи осцилации поради немирите.

Поддршка за цените пружи и изјавата на саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих кој кажа дека очекува понатамошен пад на глобалните залихи, со што порача дека договорот на водечките производители за ограничувањето на снабдувањето заради намалување на глобалните залихи ги донесува посакуваните реузлтати.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои други производители, вклучувајќи ја и Русија, го намали производството од јануари 2017 година за 1,8 милиони барели дневно или речиси 2 проценти од глобалното производство за да се избалансираат големата понуда и недоволно силната побарувачка. Така, меѓу останатото, минатата недела е објавено дека залихите во САД паднале за 1,6 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП