20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа земја е најповолна за „копање“ на биткоин

Оваа земја е најповолна за „копање“ на биткоин

Вредноста на биткоинот продолжи да паѓа во текот на викендот, достигнувајќи под 10.000 долари. Етерумот вреди 843 долари, додека рипле и натаму е под еден долар.

Биткоинот паѓаше по 110 долари на ден, па сега вреди 9.452 долари и има тенденција за натамошен пад.

Биткоинот ја врати вредноста над 9.000 долари, а ваквите вести доаѓаат во момент кога централно-азиската земја Узбекистан соопшти дека го прифаќа биткоинот и другите криптовалути.

Трошоците за „копање“ во Узбекистан се меѓу најниските во светот, затоа што оваа земја е водечки производител на електрична енергија.

Неодамнешната студија покажа дека очекува оваа земја да стане еден од водечките играчи во светот на криптовалутите, како трета најдобра за „копање“ на криптовалути кога станува збор за трошоците.

„Копањето“ на еден биткоин чини 1.790 долари, a Узбекистан е еден од најголемите производители на електрична енергија во светот.

Претходно на инвеститорите итно им беше советувано да го избегнуваат „играњето со ајкули“, тргувајќи со криптовалутите, затоа што на овој пазар, како што споменаа, нема безбедност бидејќи ништо не е регулирано.

„Битконот во моментов е коцкање. Не гледам како може да се подобри било чиј живот“, вели Матев Кеско, додавајќи доколку не сте експерт, ова се „пеколни времиња“ да се вклучите во тргувањето со криптовалути, затоа што тоа е исто како да си „играте со ајкули“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП