28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроценката на новата единица на Siemens може да достигне 30 милијарди евра

Проценката на новата единица на Siemens може да достигне 30 милијарди евра

Проценката на здравствениот бизнис на германскиот гигант Siemens во претстојното ИПО може да достигне 30 милијарди евра, вели „Bloomberg“.

Според агенцијата, информација заснована на изворот, можно е проценката да се движи од околу 26 милијарди евра до 30 милијарди евра, раководството на „Siemens Healthineers“ сé уште се среќаваат со инвеститорите за да го проценат нивниот апетит пред подоцна во оваа недела да го откријат ценовниот дијапазон.

„Siemens“ има за цел да собере до 10 милијарди евра со продажба на 25% од својот здравствен бизнис во првата половина од годината. Претставник на „Siemens“ одби да коментира во врска со ова прашање.

ИПО-то, кое можеби е најголемо во Европа во оваа година, доаѓа во услови на превирања на пазарот во текот на овој месец, кој привремено го намали апетитот на инвеститорите. „Siemens Healthineers“ се потпира на успехот на своето портфолио на лабораториска опрема и производи на „Atellica“, претставени во 2017-та година.

Некои инвеститори, сепак, веруваат дека прогнозите за продажба на компанијата се премногу оптимистички и сакаат да видат повеќе докази за успех пред да го зголемат својот рејтинг за компанијата.

„Siemens Healthineers“ оствари добивка од 2,49 милијарди евра за приходите од 13,8 милијарди евра за годината што завршува на 30-ти септември, според соопштението на матичната компанија во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП