6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска нова најпосакувана европска дестинација за кинеските туристи

Хрватска нова најпосакувана европска дестинација за кинеските туристи

Според одлуката на читателите на кинеската верзија на магазинот „Travel+Leisure“, Хрватска е прогласена за нова најпосакувана европска дестинација за кинеските туристи за 2018 година.

Тоа е големо признание и најава за добра нова туристичка сезона, кога добро се знае колку голем е кинескиот пазар и дека се повеќе Кинези патуваат во светот.

Доделувањето на наградите беше одржано во Шангај, а на него присуствуваа дипломати, хотелиери, турооператори и претставници од туристичката заедница ширум светот.

Дека оваа награда не е безвредна говори и податокот дека магазинот „Travel+Leisure“ во Кина го читаат неколку милиони луѓе, а добра вест е дека и според истражувачите, уште 70 проценти од Кинезите не знаат во која земја ќе го поминат одморот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП