2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од 5,4 милиони швајцарски франци за рамномерен регионален развој

Поддршка од 5,4 милиони швајцарски франци за рамномерен регионален развој

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада, го претставија новиот проект „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од швајцарската Влада.

„Политиката на рамномерен регионален развој се спроведува заради постоење реален проблем, големите развојни разлики и последиците врз квалитетот на живеење на граѓаните, особено на тие од помалку развиените плански региони“, рече министерот Фазлиу.

Тој нагласи дека и по десет години, прашањето е исто толку актуелно како и на почетокот. Според него, важни се средствата, но исто толку е важно и какви проекти ќе бидат финансирани.

„Владата и Министерството за локална самоуправа работат на намалување на развојните разлики и на обезбедување воедначени јавни услуги и подобар квалитет на живеење преку финансирање проекти што што се приоритет за граѓаните“, рече Фазлиу.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека вкупната вредност на проектот е 5,4 милиони швајцарски франци, а ќе го имплементираат Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања. Министерството за локална самоуправа ќе координира три компоненти во вкупна вредност од 3,8 милиони швајцарски франци, вклучувајќи и 1,6 милиони кофинансирање од буџетот на Министерството.

Проектот во првата комонента ќе помогне за подобрување на нормативната рамка и подготовка на нов стратешки документ 2020-2029, во втората компонента ќе биде поттикнато граѓанското учество за утврдување на регионалните приоритети и во третата компонента ќе бидат финансирани инфраструктурни и меки проекти што како приоритет ќе бидат избрани во консултативен процес со граѓаните. Проектот ќе се имплементира до крајот на 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП