18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo ќе предложи купе-кросовер

Volvo ќе предложи купе-кросовер

Шведската компанија „Volvo“ планира да ги електрифицира сите свои модели додека го проширува својот асортиман на „SUV“ автомобили. Во неа во 2020-та година ќе влезе со стилско крос-купе, кое ќе го добие името „Volvo XC50 Coupe“, објави „Auto Express“.

Според изданието, новиот теренец ќе се распореди под моделите „XC60“ и „XC90“, а во исто време ќе биде малку поголем од „XC40“ кој беше прикажан минатата година. Новинари од „Auto Express“ разговарале со претставници на „Volvo“ кои се категорични дека брендот ќе предложи конкурент на „BMW X4“ и „Mercedes GLC Coupe“.

„Ние ги покривме 98% од сите сегменти и сега работиме на развојот на нашиот опсег, а не на нејзиното проширување. Затоа излегувањето на сличен автомобил е сосема реално, но тоа нема да стане премногу наскоро“, коментира потпретседателот на „Volvo“, Лекс Керсемакерс.

Веќе е познато дека компанијата ја има регистрирано трговската марка „XC50“. Но, пред да воведат автомобил со ова име, Швеѓаните планираат да го лансираат седанот „V60“. Тоа ќе се случи до крајот на 2018-та година, а во 2019-та година треба да се појави новата генерација на семејството „V40“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП