2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодата од јавните чешми во Прилепско е штетна за пиење

Водата од јавните чешми во Прилепско е штетна за пиење

Од четири чешми на исто толку локации во Прилепско водата не е исправна за пиење, информира Општина Прилеп.

Станува збор за чешмата крај патот на Плетвар, кај ресторанот „Че“, како и јавните чешми во Лениште, Ореовец и селото Плетвар што се наоѓаат среде селата.

„Водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути, препорачуваат медицинските експерти од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП ‘Водовод и канализација’“, велат од Општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП