17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фени индустри“ го стартуваше процесот на производство

„Фени индустри“ го стартуваше процесот на производство

Во „Фени индустри“ од утрово е успешно рестартиран производниот процес. Електропечката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство, информираат од компанијата „Гсол“.

Инаку, рестартирањето следува по 3 седмици интензивни подготовки и набавки.

Во соопштението од „Гсол“ се вели дека меѓу вработените, повеќе од 700, владее огромно задоволство и мотивираност. Оттаму додаваат дека покрај исплатата на долговите кон вработените од страна на „Еуроникел“, претставништвото на „Гсол“ во Македонија, со рестартирањето на комбинатот повторно ќе заживеат многубројни компании од Кавадарци и од цела Македонија преку набавките за потребите на „Фени“.

Целиот процес за успешно рестартирање бил потпомогнат и од стечајниот управник и неговиот ангажман за „Фени индустри“, како и со поддршката од вработените во изминатиот период.

„’Гсол’ како компанија што има договор за преработка на руда со ‘Фени’, со истиот договор е обврзана и за повторно започнување со работа и рестартирање на производниот процес на ‘Фени’, што ќе доведе до обезбедување плати за вработените, враќање на фабриката во целосна функција и за социјално-економски просперитет на целиот регион“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП