Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

Кина купува земјоделско земјиште ширум светот

Време: 15:35

Датум: февруари 26, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со население од над 1,38 милијарди лица, недостатокот на обработливо земјиште и постојаната растечка потрошувачка на месо, Кина започна да купува повеќе ниви во странство, а апетитот се отворил веќе и за француската пченица.

Населението на Кина е една петтина од светот, а обработливото земјиште е помалку од 10 проценти од територијата на земјата. Истовремено со тоа се комплицирана равенката Пекинг да се бори со хронично загадување на животната средина, прекумерната употреба на ѓубрива, масовната урбанизација, а климатските промени придонесуваат за уште поголемо намалување на земјоделските површини и нивната продуктивност.

Во исто време растечката средна класа силно ја зголемува потрошувачката на месо што претставува драстична промена на навиките и го принудува Пекинг да увезува повеќе соја и пченка за сточна храна за добитокот.

Во овој контекст кинеските инвестиции во земјоделството во странство нагло скокаат: а се додаваат и активностите во земјоделската индустрија, тие достигнаа вкупно 94 милијарди долари од 2010-та година, речиси половина од кои за последните две години, според податоците на американските здруженија „American Enterprise Institute“ и фондацијата „Heritage“.

И додека некои земји го забрануваат купувањето на земјиште од страна на странски инвеститори, азискиот гигант е насочен кон многу други, особено во Југоисточна Азија, Латинска Америка и Африка.

Државните и приватните кинески компании од земјоделскиот сектор инвестираат во житарици, соја, овошни полиња и сточарство во Аргентина, Чиле, Бразил, Мозамбик, Нигерија, Зимбабве, Камбоџа и Лаос – вистинска турнеја на планетата.

Уште во 2012-та година, истражувањата покажаа дека кинеските проекти опфаќаат 9 милиони хектари земјиште во земјите во развој.

Меѓутоа, за неколку години, вниманието на Кина се чини дека е насочено кон Австралија, САД и Европа.

Во Австралија, најголемиот ранч во светот помина под кинеско знаме во 2016-та година, стекнат од компанијата за недвижнини „Shanghai CRED“, обединети со локалната рударска група. Во моментов, заедничкото претпријатие „S. Kidman & Co“ и копродукции поседува 185.000 глави добиток и контролира 2,5 отсто од земјоделското земјиште во земјата.

Во 2012-та година, Канбера дава зелено светло за продажба на најголемата австралиска плантажа на кинески инвеститор.

Во Нов Зеланд, кинеските компании купуваат десетици фарми за млеко и млечни производи и покрај незадоволството на локалните производители.

Во 2013-та година гласини дека житниците во Европа, Украина, ќе даде под наем 3 милиони хектари обработливо земјиште на кинеската компанија, предизвикаа бурни реакции, по што беа демантирани од Киев.

Во Франција кинеските милијардери купуваат повеќе и повеќе лозја, а неодамна властите научија со задоцнување за стекнување на 1.700 хектари ниви со житни култури во централна Франција благодарение на итрите адвокатски зафати.

Сепак, минатата недела претседателот Емануел Макрон го објави претстојното воведување на построга регулатива за купување на обработливо земјиште од страна на странци во Франција.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Мајките кои го завршуваат своето породилно отсуство од работа се соочуваат со огромен проблем, не може да го запишат своето дете во државните градинки. Вакви…

  • Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, за намалување на последиците од коронавирусот во…

  • Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази загриженост дека Европската унија (ЕУ) може да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против…

  • Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува…

  • Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории…

  • Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со…

  • Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.…

  • Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20:30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ…

  • Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека…

  • Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на…