21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевидиран списокот на лектири за основното образование

Ревидиран списокот на лектири за основното образование

Бирото за развој на образованието изготви нов предлог-список на лектири за основното образование од второ до деветто одделение.

Од Министерството за образование и наука велат дека списокот на лектири се освежува и дополнува за да биде во чекор со интересите на учениците, односно да го поттикне и зголеми интересот за книгата кај младите читатели преку зближување на содржините на лектирите со современите трендови и интереси на ученикот.

Исто така, велат од МОН, ревидирањето на списокот со лектири се прави со цел да им даде слобода на наставниците во нивната работа и да се збогати изборот на лектири со кој тие би можеле да работат во текот на годините.

Министерството го достави предлогот на јавен увид и дебата со цел, како што велат, стручните лица во Република Македонија да се произнесат за новиот список.

„Наставниците од основните училишта се поканети да се вклучат во јавната дебата и да го искажат своето мислење во однос на списокот со лектири, а предлогот ќе биде доставен за мислење и до универзитетите во Република Македонија, како и до Друштвото на писателите на Македонија“, велат од МОН.

Списокот е објавен на веб-страницата на МОН со покана за коментари и предлози од страна на сите заинтересирани лица. Крајниот рок за доставување предлози е 26 март.

Во моментот се подготвени списоците на лектири за наставата што се одвива на македонски, албански и на турски наставен јазик, а во тек е изготвување на списокот на лектири на другите јазици на кои се изучува основното образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП