2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроцес на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД...

Процес на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС известува дека врз основа на доставено барање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22 февруари даде согласност за пренос на 100 отсто од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Позаваровалница Сава д.д.

Исто така, МАПАС известува дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат согласно македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП