4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа улиците во Центар фрлени 60 тони сол

На улиците во Центар фрлени 60 тони сол

Зимската служба на Општина Центар непрекинато во текот на ноќта и денеска е на терен и го расчистува снегот од улиците што се во надлежност на Општината. Се чисти со три машини и еден голем камион. Досега се фрлени 60 тони сол, соопштија од Општина Центар.

Според потребите и пријавите на граѓаните, и по неколку пати се поминуваат улиците во Мало Курило, Долно Водно, Водно, населбата Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало, Парк, Кале, Пролет, Крњево, отворените паркинзи на ПОЦ и пристапните рампи на гаражите. Исчистени се патеките што водат до училиштата и градинките.

Се молат граѓаните да ги отстранат непрописно паркираните возила во потесните улици за да може непречено да се чисти.

Жителите на општина Центар може да се јават и да пријавуваат проблеми на следните телефонски броеви: 076 496 944, 076 313 387 и 076 313 381.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП