3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ја отвора последната рунда преговори со кредиторите

Грција ја отвора последната рунда преговори со кредиторите

Грчката влада ја отвора последната рунда преговори за реформите со кредиторите на спасувачкиот пакет помош.

Отворањето на последната рунда доаѓа само пет месеци во пресрет на завршувањето на оваа масивна програма за спас на уништената економија на земјата.

Официјалните претставници од грчката влада велат дека разговарале со претставниците од Европските партнери на Грција и Меѓународниот монетарен фонд во Атина, опфаќајки ги прашањата за приватизација и енергетика, пренесува агенцијата АП.

Грција во 2010 година го доби првиот пакет од трите спасувачки пакети помош вредни повеќе од милијарда евра, откако призна дека нејзиниот буџетски дефицит е многу поголем отколку што првично беше објавено, по што инвеститорите престанаа да купуваат грчки обврзници, потсетува американската агенција.

За да обезбеди средства за зачувување на солвентноста, земјата ја намали потрошувачката и заработката во јавниот сектор, ги зголеми даноците и сеопфатно ја реформираше својата економија.

Третиот пакет помош истекува во август 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП