28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа германските работници би можела да им се оствари желбата неделно да...

На германските работници би можела да им се оствари желбата неделно да работат само 28 часа

На милиони работници во Германија набргу би можела да им се оствари желбата неделно да работат само 28 часа по договорот што го постигнаа синдикатите со сопствениците на повеќе од 700 компании. Од в година 2,3 милиони работници ќе може да уживаат во флексибилното работно време, но и во повисоки плати.

Договорот е постигнат за време на преговорите на синдикатот „ИГ метал“ и преставниците на повеќе од 700 компании во северозападниот дел на Германија. Се очекува овој договор да има влијание и врз целата германска индустрија. На тој начин од 2019 година работниците во повеќето инженерски компании, како што се „Дајмлер“, сопственикот на „Мерцедес-Бенц“, ќе може да одберат да работат само 28 часа во неделата во период од две години.

„На тој начин ќе се воспостават стандарди и за другите компании“, вели Меган Грин, главна економистка во компанијата „Манулајф асет менаџмент“.

Синдикатот очекува одлуката за намалувањето на работните часови најмногу да ја прифатат оние што сакаат повеќе време да поминуваат во своите домови, да се грижат за децата и семејството. Сите оние што ќе сакаат да заработат повеќе пари, ќе може да работат по стандардното работно време од 40 часа неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП