15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо скопските улици и булевари се фрлени 455 тони сол

По скопските улици и булевари се фрлени 455 тони сол

По врнежите од снег, кои сè уште траат, зимската служба на Град Скопје интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и машини, а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари се фрлени 455 тони индустриска сол.

Во текот на изминатите часови, соопштија од Град Скопје, со механизација поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“.

„И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување“, велат од Град Скопје.

Од таму апелираат до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП