20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за движење на товарни возила на повеќе патишта

Забрана за движење на товарни возила на повеќе патишта

Поради снежните врнежи, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, Струга – граничен премин Ќафасан, како и на планинските премини Пресека, Стража и Ѓавато, информира АМСМ.

Ноќеска е воведена забрана за товарни возила и на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп како и на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, поточно на излезот од градот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково престана да важи од 08:30 часот, а на Плетвар од 07:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП