2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостаток на кадар од околу 2.000 лица во градинките

Недостаток на кадар од околу 2.000 лица во градинките

​Според анализите на ​Министерството за труд и социјална политика (МТСП), системското разрушување на системот на детска заштита во изминатава деценија предизвикал недостаток на кадар во градинките од околу 2.000 лица.

Оттаму информираат дека во оваа насока конечно се осигурани 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време.

Покрај тоа, во правец на понатамошно подобрување на состојбата со кадровската екипираност во детските градинки, од МТСП соопштуваат дека обезбедиле согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределно време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП