4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба Заев- Јазбец: Словенија преку грантови ќе ги помага македонските општини

Средба Заев- Јазбец: Словенија преку грантови ќе ги помага македонските општини

Премиерот Зоран Заев се сретна со словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Јазбец, кој ја пренел оценка дека се чувствуваат позитивните промени во земјава и му честитал на македонскиот премиер за ефектите од засилената дипломатска активност што ги отвораат перспективите на државата кон ЕУ и НАТО, но и за економски развој и квалитетен живот на македонските граѓани.

На средбата е заеднички констатирано дека се создадени услови за интензивирање на искреното, многугодишно пријателство што го имаат двете држави. Во таа насока договорени се повеќе конкретни чекори за грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, што ќе бидат значајни за општините и жителите во внатрешноста во Македонија.

Словенечкиот амбасадор Јазбец го пренесе интересот на словенечката Влада, како и на фирми од Словенија за учество во вакви инвестиции, што се разгледува да се реализираат и со вклучување на Владата, на општините и на приватни домашни ресурси, согласно потребите. Отворени се можности и за соработка во други области коишто исто така се однесуваат на директните потреби на граѓаните за подигнување на квалитетот на живот. На средбата се разговараше и за политичката клима во двете држави и за претстојната официјална посета на словенечкиот премиер Миро Церар на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП