3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие, едно лице загина

10 сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие, едно лице загина

Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје.

Дваесет и двајца возачи се исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило, додека 29 лица возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се изречени мерки на 84 возачи, а специјалното возило „пајак“ подигнало 74 возила.

Сообраќајната полиција регистрирала и четири возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца кои не дале првенство на минување на возилата на крстосница, еден кој неправилно се престроил, а шест не поседувале зимска опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП