20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла најавува автомобил од помала класа

Тесла најавува автомобил од помала класа

teslakola

Од компанијата Тесла најавуваат дека во наредните три или четири години ќе пристигне и модел кој е во класата на голф. Ова го порача првиот човек на компанијата Елон Муск се со цел купувачите со поплиток „џеб“ да можат да си купат електрично возило.

Муск не откри многу детали, но најави дека „помалиот брат“ на моделот С ќе биде подобар и поубав од моделот „Nissan Leaf“ и дека ќе има домет од барем 322 километри.

Како што тој рече, модел С на Тесла е добар, но скап, а пак возилото на Нисан е евтино, но не и добро.

Поради тоа Тесла има во план да ја промени таквата ситуација и да понуди примамлив автомобил на електричен погон, но по цена помала од 30.000 евра.

Електричниот автомобил од пониската класа е толку важен за првиот човек на компанијата, па дури тој објави дека нема намера да си замине од Тесла се додека не пушти во продажба такво возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП