21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд најбрзо растечка економија во Г7 до земја која потфрли

Од најбрзо растечка економија во Г7 до земја која потфрли

Британската економија не порасна така силно во последниот минатогодишен квартал како што првично беше проценето.

Растот изневери поради слабеењето на потрошувачката на граѓаните и деловните инвестиции, покажаа објавените официјални податоци.

Бруто домашниот производ (БДП) на Британија порасна по квартална стапка од 0,4 проценти, што е пониско во однос на прелиминарната проценка од 0,5 проценти, соопшти британската Канцеларија за статистика, пренесува агенцијата АП.

Ревизијата на податоците не е голема, но го потврдува „ладењето“ на економијата во 2017 година.

Канцеларијата за статистика, исто така, ја намали проценката за економскиот раст за 2017 година, на 1,7 проценти од претходно проектираните 1,8 проценти.

Од некогаш најбрзо растечката економија во Групата од седум водечки индустриски земји (Г7), Британија сега е една од најбавно растечките, пред се поради незивесноста поврзана со нејзиното отстапување од Европската унија.

По намалувањето на проекцијата за растот, фунтата ослаби за 0,2 проценти на 1,3888 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП