25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз привлече рекорден број на туристи во 2017

Париз привлече рекорден број на туристи во 2017

Туристите минатата година повторно започнаа да се враќаат во Париз по олабавувањето на стравот за безбедноста кој се појави по низата терористички напади на крајот на 2015 година.

За Париз 2017 година, кога станува збор за странските посетители, била најдобра во најмалку последните десет години, пренесува агенцијата Ројтерс.

Бројот на резервации во хотелското сместување во Париз и во поширокиот регион пораснал на 33,8 милиони, а регистриран е и голем раст на доаѓањата на туристите од Јапонија, Германија и САД, соопшти локална туристичка организација.

Вкупниот број на туристи во Париз паднал на 30,9 милиони во 2016 година, од 32,4 милиони во 2015 година, што беше реакција на координираните терористички напади од ноември 2015 година, кога беа убиени 130 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП