Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67 отсто од „Thessaloniki Port Authority“, компанија која управува со пристаништето во вториот по големина град во земјата. Договорот е вреден 232 милиони евра, пишува „ABC News“.
Парламентот го ратификуваше договорот за концесија до 2051-ва година. Тој беше потпишан во декември со конзорциум „South Europe Gateway Thessaloniki“. Конзорциумот ги вклучува германски „Deutsche Invest Equity Partners“, грчко-руската „Belterra Investments“ и француската „Terminal Link“.
Одобрението следи по приватизацијата на најголемото грчко пристаниште Пиреја во 2016-та година со продажбата на мнозинскиот удел на кинеската „Cosco Group“.
Во исто време, грчката влада соопшти дека се обврзала да ги продолжи реформите за намалување на трошоците и приватизацијата, откако меѓународното спасување на земјата ќе заврши во август. Во април, властите ќе ги претстават меѓународните доверители со план за развој.