20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради магла, намалена видливост кај граничниот премин Делчево

Поради магла, намалена видливост кај граничниот премин Делчево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму додаваат дека намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри има на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП