5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите од Гази Баба запознаени со можноста за заеднички проекти со јавниот...

Компаниите од Гази Баба запознаени со можноста за заеднички проекти со јавниот сектор

Општина Гази Баба, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и Германската организација за меѓународна соработка – ГИЗ преку Отворниот регионален фонд за модернизација на општинските услуги денеска одржаа тркалезна маса за интеракција на јавниот и приватниот сектор преку развојни партнерства во општини и градови по мерка на стопанствениците во Југоисточна Европа (BFC SEE).

На трибината, која се одржа во Општина Гази Баба, присуствуваше и градоначалникот Борис Георгиевски.

„На компаниите им беше претставена можноста за соработка преку заеднички проекти со јавниот сектор, од една страна за остварување комерцијални цели на претпријатијата, и од друга, креирање подобар деловен амбиент во општината. Иницијативата за развивање јавно-приватна соработка неодамна е поведена од Регионалната мрежа за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ мрежа) со поддршка на ГИЗ“, информираат од Општина Гази Баба.

Остварувањето на иницијативата, како што се наведува, се однесува на користење на програмата од ЕУ-земјите кои поддржуваат развојна соработка меѓу јавниот сектор и приватен партнер, компанија што сака да инвестира или да го унапреди своето деловно работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП