10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската нестабилност закана за целиот свет

Европската нестабилност закана за целиот свет

economy1

Развиените земји се согласија: Европската економија нема светла иднина, а со својата лоша состоја го загрозува и економското здравје на целиот свет.

Организацијата која вклучува 34 напредни светски економии, ОЕЦД, повторно ја намали својата проценка за растот во еврозоната, повикувајќи ја Европската централна банка да ги разгледа начините за да го поттикне растот.

Еврозоната според оваа проценка во оваа година би требало да доживее пад на економските активности од 0,6 проценти, што е во спротивност на трендовите во земјите како САД и Јапонија. Се предвидува и раст на стапката на невработеност, чиј просек во 17 земји-членки во моментов изнесува 12 проценти. Продолжената слабост на европската економија би можела да и наштети на целата светска економија, предупреди ОЕЦД.

„Европа е во ужасна ситуација. Сметаме дека еврозоната би требала да разгледа некои поагресивни опции“, оцени гланиот економист на оваа организација Пјер Пабло Падоан.

Пред шест месеци, прогнозите за еврозоната, исто така, предвидуваа економски раст, но само од 0,1 проценти. ОЕЦД за лошата перспектива во 2013 година ги обвинува мерките за штедење на кои крајот не им се гледа, слабата деловна доверба и лошите услови за кредитирање. На Европската централна банка и се сугерира да размисли за стимулирањето на економијата со монетарна експанзија.

Трајната нестабилност во Европа би можела да еволуира во стагнација, со негативни последици за глобалната економија, се вели во извештајот, кој се објавува два пати годишно.

Во споредба со Европа, САД и Јапонија акцентот го ставија на мерките за поттикнување. Јапонската економија оваа година би требало да се зголеми за 1,6 проценти, но експертите на ОЕЦД се сомневаат дека растот ќе продолжи и во наредната година.

Во Америка се очекува 2 процентен раст на бруто домашниот производ. Проценките за раст на британската економија оваа година се намалени за 0,8 проценти и за 1,5 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП