вторник, март 2, 2021
-3 °c
Skopje
6 ° вто
7 ° сре
7 ° чет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 750.00 2.6%    ALK 14,056.61 0.41%    GIMS 9,240.00 29.96%    INBR 4,000.00 0%    KMB 7,697.77 -2.28%    MPT 71,000.01 0%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN18 99.50 0%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,292.00 -4.57%    STBP 501.00 -11.95%    STIL 58.00 0%    TNB 19,585.34 -1.8%    TTK 1,359.63 -3.36%    ZIMS 1,268.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Петмина македонски бизнисмени меѓу најбогатите во регионот

мај 30, 2013
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Петмина македонски бизнисмени меѓу најбогатите во регионот
137
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

bogati

Петмина македонски бизнисмени се меѓу најбогатите луѓе во регионот според последната листа на магазинот „Форбс“.

Како што објавува „Утрински весник“ на листата се наоѓаат Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“, „Бетон“, „Факом“ и други фирми, Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед“, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, Свето Јаневски, прв човек на М6 и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“.

Според проценките на магазинот, кој во составувањето на листите ја анализира вредноста на акциите што котираат на Берзата, најбогат меѓу нив е Минчо Јорданов со 27 милиони евра. Во „Макстил“, тој контролира акции вредни 18,7 милиони евра, во „Факом“ неговите акции вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон“ има удел со вредност од 2,4 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби“ во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика“ и на македонскиот шампион во ракомет, клубот „Металург“.

Штерјо Наков, сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед“, хотелот „Александар палас“, винарницата „Сковин“ и други фирми, е вториот на листата најбогати македонски бизнисмени. „Има удели во „Фершпед“ од околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции во други компании, вредни 10 милиони евра. Наков има удел и во фабриката „Европа“, кој се проценува на 2,3 милиони евра. Неговите фирми во 2012 година имале приходи од 76 милиони евра, за разлика од 2011 година кога приходите им биле повисоки за 6 милиони евра.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, преку фирмата-ќерка, „Оилко“, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. Јосифовски, според „Форбс“, е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата која изнесува 140.000 евра годишно.

Македонски крал на пијалаците за магазинот „Форбс“ е Свето Јаневски. Тој долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6“ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик“ и „Хајнекен“ за 34 милиони евра. Јаневски е и сопственик на винарницата „Тиквеш“, каде што поседува акции вредни 6,9 милиони евра. „М6“ има акции и во „Охрид турист“ со вредност од милион евра.

Петтиот меѓу најбогатите Македонци и најмладиот на оваа листа на милионери е Живко Мукаетов, сопственик на „Алкалоид“. Тој во компанијата поседува акции со вредност од 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза.

„Форбс“ заклучува дека во Македонија во последните години се поуспешно се води бизнис во телекомуникациите и енергетскиот сектор, а атрактивни се и фирми од фармацијата, трговијата, туризмот и производството на вино.

Македонските бизнисмени според богатството се далеку зад милионерите од регионот. Прв на листата најбогати е Хрватот Ивица Тодориќ, сопственик на концернот „Агрокор“, а по кој следува Словенецот Санди Чешко познат по „Дормео“ душеците и ТВ продажбата во Топ шоп. Подолу на листата се Србинот Миодраг Костиќ и „МК група“, Емил Тедески од „Атлантик група“, Мирослав Богиќевиќ од „Фармаком“ и други.

Листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе на Балканот е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза.

Тагови: biznismenibogatiforbsmagazinotmakedonijamincomukaetovregionsterjosvetoлисталуѓемакедонијаминчомукаетовнајбогатирегионсветофорбсштерјо
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Моtorola најавува враќање на пазарот

Следна Објава

Оланд: Никој не може да ни наредува

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Дневен хороскоп 02.03.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 02.03.2021

март 2, 2021
6

Овен (21.03 – 20.04) Трпите постојано неразбирање од страна на колегите. Извесно е дека ќе морате да се борите за...

Прочитај повеќе
Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!
АВТОБИЗ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
57

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на...

Прочитај повеќе
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
216

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Прочитај повеќе
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година
ЕКОНОМИЈА

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
250

Меѓународниот Aеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, e награден од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International) со ASQ-наградата за...

Прочитај повеќе
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година
КОМПАНИИ

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021
32

Минатата година ја обележа пандемијата на КОВИД-19, што доведе до значително намалување на глобалните економски активности, особено во првата половина...

Прочитај повеќе
Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?
ЕКОНОМИЈА

Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

март 1, 2021
101

Повеќето земји од Европската унија се согласија да го олеснат патувањето со воведување на дигитален сертификат за вакцинација, додека невакцинираните...

Прочитај повеќе
МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство
ЕКОНОМИЈА

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

март 1, 2021
61

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за...

Прочитај повеќе
Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот
ЕКОНОМИЈА

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

март 1, 2021
41

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Прочитај повеќе
Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

март 1, 2021
192

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Прочитај повеќе
Уапсен поранешниот претседател на Барселона
АВТОБИЗ

Уапсен поранешниот претседател на Барселона

март 1, 2021
72

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп 02.03.2021

Дневен хороскоп 02.03.2021

март 2, 2021
Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пристигна „Volkswagen Golf GTI Clubsport 45“ во ограничена серија (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 02.03.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 02.03.2021

март 2, 2021
6
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
1.9k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
583

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Оланд: Никој не може да ни наредува

Оланд: Никој не може да ни наредува

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани