20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон започнува со истражување на критповалутите

Лондон започнува со истражување на критповалутите

Британските законодавци почнуваат да ги истражуваат криптовалутите за да ги проценат нивните придобивки и ризици, кои подоцна ќе бидат вклучени во нивната регулаторна рамка.

Финансиската комисија на британскиот парламент ќе го испитува влијанието на биткоинот и другите слични платежни средства врз банките и корисниците, истражувајќи дали криптовалутите би можеле да станат замена на конвенционалните валути, се вели во соопштението на властите во Лондон, цитирано од „Bloomberg“.

Според зборовите на Ники Морган, претседател на комисијата, пратениците ќе ги разгледаат и тоа како да биде зачуван балансот помеѓу контролата на дигиталните валути и заштитата на потрошувачите и бизнисите од една страна и одржувањето на секторот на иновациите од друга.

„Ние, исто така, ќе ги испитаме и потенцијалните придобивки од криптовалутите и нивната технологија во основа – како тие можат да создадат иновативни можности и до кој степен тие би можеле да ја нарушат економијата“, рече таа, цитирана од „ВВС“. Работата на пратениците, исто така, ќе вклучува проценка на ризиците поврзани со нестабилноста на криптовалутите, перењето пари и онлајн криминалот.

Истрагата на британската парламентарна комисија доаѓа во услови на обиди од страна на голем број влади низ целиот свет да бидат во чекор со лудоста во врска со дигиталната валута. Во последните 12 месеци вкупната вредност на сите 1.515 дигитални валути на светскиот пазар порасна за над 2000%.

Наспроти ова, другите земји веќе презеле акција за да ги регулираат. Кина ја забрани продажбата на нови монети, а Јапонија побара размената на дигиталните пари да се регистрира кај Владата и да поднесе финансиски извештаи. Во САД, Комисијата за хартии од вредност издаде предупредување за првичната понуда за монети трае со месеци, што може да се смета како сигнал дека ќе следи ригорозна регулатива.

Досега, Британија презеде релативно повнимателна акција. Во ноември, Управата за финансиско управување ги предупреди потрошувачите за постоењето на „исклучително висок ризик“ поврзан со „шпекулативни производи“.

Студијата на комисијата започнува од денеска, а допрва ќе биде закажан датумот за првата сесија на која ќе биде презентирана докази и заклучоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП