2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTI: Македонија според корупцијата е во друштво со Ерменија, Виетнам и Етиопија

TI: Македонија според корупцијата е во друштво со Ерменија, Виетнам и Етиопија

Maкедонија е најкорумпираната земја од Балканот, но речиси и во Европа, покажува новиот извештај на меѓународната невладина организација „Transparency international“ за 2017-та година.

Нашата земја бележи пад од 2 поени во споредба со минатата година и со своите 35 поени таа останува трајно под критичниот праг од 50 точки, кои се индикатор за сериозен проблем со борбата на корупцијата.

Податоците за нашата земја се споредливи со просекот на глобално ниво, па Македонија во ова рангирање има 35 поени и го дели 107-то место со Ерменија, Виетнам и Етиопија.

Најмалку корумпиран е Нов Зеланд со 89 поени, следен од Данска со 88 поени. Зад нив во рангирањето се Швајцарија, Норвешка и Финска со 85 поени.

На дното на листата се Сирија, Јужен Судан и Сомалија.

Во конкуренција од 180 држави, најдобро рангирана од поширокиот регион е Словенија, која е на 34-то место, Грција и Романија се на 59-то, Црна Гора е на 64-то место, Бугарија е на 71-во, Србија е на 77-мо, Турција на 81-во, Косово на 85-то и Албанија на 91-во место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП