26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се лади, но и понатака е блиску до максимумот

Европа се лади, но и понатака е блиску до максимумот

Деловната активност во еврозоната благо се „олади“ во месец февруари, но и понатака е блиску до десетгодишниот максимум.

Тоа го покажува објавеното истражување за економското движење во 19-члениот блок, кое секој месец го спроведува компанијата за финансиски информации IHS Markit.

Главниот индекс за деловната активност во производниот и услужниот сектор, т.н. индекс на менаџерите за набавка кој го пресметува IHS Mаrkit, опаднал на 57,5 поени во февруари од дванаестгодишниот максимум од 58,8, пренесува агенцијата АП.

Крис Вилијамсон, главниот економист во оваа компанија, смета дека овој регион би можел да забележи раст од 0,9 проценти во првите три месеци од оваа година.

Ова месечно истражување, кое во предвид го зема и Европската централна банка кога одлучува за донесувањето на одредени политики, е еден од главните индикатори кои укажуваат на јакнење на економското закрепнување ширум земјите кои го користат еврото.

Секој показател кој има над 50 поени означува раст на економските активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП