1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Креативната економија на Интернет

График на денот: Креативната економија на Интернет

Во последните две децении Интернетот ни донесе не само забавни слики, видеа со мачки и нецензуриран поглед на мислите на американскиот претседател, но им овозможи на милиони уметници да ги споделат своите дела и да заработат по нешто од нив, коментира „Statista“.

Претставувајќи го практично најголемиот пазар во светот, Интернетот со платформи како „Etsy“, „YouTube“ и „Instagram“ им даде на творците од целиот свет продавница за сè што создаваат, било да е тоа уметност, музика, слики или нешто друго.

Без да бидат ограничени од локалните пазари, секој со малку талент може да заработи пари онлајн. Неодамнешниот извештај на „re:create“ – креаторската група за права, покажува дека милиони Американци го искористуваат ова.

Според „re:create“ речиси 15 милиони уметници во САД имаат генерирано вкупна добивка од над 5 милијарди долари преку осум онлајн платформи, и тоа само за 2016-та година.

Како што покажува графиконот, „YouTube“ е особено привлечна платформа за независни уметници. 1,8 милиони Американци заработија вкупно 3,2 милијарди долари преку видео-платформата на „Google“.

„Etsy“ – онлајн магазинот за рачно создадени производи, е на второ место, но и доста поназад од лидерот, со вкупна добивка од 1,4 милијарди долари. Во исто време, „Instagram“ ја формираше водечката тројка со профит од 538 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар