11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот на сите државни патишта

Нормализиран сообраќајот на сите државни патишта

Сообраќајот на сите државни патишта од утринава е нормализиран, информира АМСМ.

Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Маврово е нормализиран од 7:50 часот, на Стража, пак, сообраќајот е нормализиран од 6 часот. Исто така, од 6 часот е нормализиран и сообраќајот на  патниот  правец „Мавровска крстосница – Маврово“, кој беше во прекин поради одрон.

Од АМСМ информираат дека за автомобилите што ќе поминуваат на планинскиот премин Стража задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, додека на планинските превои во западниот дел има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Маврово, Буково, Ѓавато и П.Шапка. Намалена видливост поради магла до 100м има на планинските премини Плетвар и Пресека.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП