25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Никој не може да ни наредува

Оланд: Никој не може да ни наредува

France Mali

Европската комисија не може на Франција да и диктира што да прави, порача претседателот Франсоа Оланд, одговарајќи на повикот од Брисел – Франција да ги забрза реформите.

Брисел не може едноставно да каже дека Франција мора дa ја избалансира јавната потрошувачка и да ги забрза структурните реформи, само ние можеме да кажеме кој е најдобриот пат за остварување на тие цели во нашата земја, нагласи Оланд.

Европската комисија и овозможи на Франција дополнително време да го намали буџетскиот дефицит, но тоа да го направи побрзо.

Во Франција треба да се првземат мерки до крајот на годината за да се реформира пензискиот систем и да се обезбеди рамнотежа најдоцна до 2020 година, соопшти Европската комисија.

Во соопштението се истакнува дека Париз мора, бидејќи се постарото население предизвикува дополнителен притисок, да ја регулира исплатата на пензиите, старосната граница за пензиите и да ги намали трошоците на целокупниот систем, а истовремено да не ги оптовари вработените лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП