30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби и истите планира да ги лоцира во периферните делови, како на пример Бардовци и Злокуќани, со намера да се обезбеди рамномерен развој на сите урбани заедници.

За ова денеска стана збор на седницата на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош која е составена од внатрешни и надворешни членови и експерти од сферата на урбанизмот и просторното планирање со цел да се обезбеди планска урбанизација на Општината.

За членови на Комисијата за урбанизам се именувани: Владимир Кироски (внатрешен член), Зорица Китанова (внатрешен член), проф. д-р Влатко Коробар (надворешен член), Дејан Диневски (надворешен член) и Андријана Андреева (надворешен член).

Комисијата има свои надлежности согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа да ја изработува планската програма за Деталните урбанистички планови, да дава стручно мислење на предлог урбанистичките планови, како и да доставува предлог до Градоначалникот за одобрување или неприфаќање на планска програма за изработка на урбанистичко – планска документација. Освен тоа, таа ќе спроведува јавна презентација и јавни анкети при одобрување на локална урбанистичко – планска документација, ќе дава мислење за технички исправки на урбанистичките планови и други надлежности, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП