18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Велика Британија се зголемува за прв пат во последните 2...

Невработеноста во Велика Британија се зголемува за прв пат во последните 2 години

Невработеноста во Велика Британија се зголеми за прв пат за две години. Таа е зголемена од 4,3% до 4,4% во трите месеци до крајот на декември, објави Националната статистичка служба на Велика Британија (ONS), цитирана од „ВВС“.

Во четвртиот квартал од минатата година, бројот на невработените е зголемен за 46.000 до 1,47 милиони лица во споредба со претходните три месеци.

Во исто време платите и продуктивноста на вработените во Велика Британија се зголемија во четвртиот квартал, бидејќи помалку странци учествувале на пазарот на труд, пишува „Bloomberg“.

Просечната неделна плата без бонусите се зголеми за 2,5% во однос на истиот период од претходната година, што е најголем пораст од декември 2016-та година, покажуваат податоците на британската статистика.

Податоците најверојатно ќе бидат прифатени позитивно од поддржувачите за напуштањето на ЕУ од страна на Британија, кои стравуваа дека имиграцијата е штетна на локалните граѓани. Тие исто така можат да ги зајакнат шпекулациите дека Англиската централна банка ќе ги подигне повторно каматните стапки уште во мај, откако нејзините централни банкари изјавија дека гласањето за „Brexit“ ги ограничија можностите за раст на економијата без инфлацијата да се забрзува.

„Порастот на вработеноста во минатата година главно се должи на британските граѓани, бидејќи помалку Источноевропејци работеле во земјата во однос на претходната година. Овие податоци се однесуваат само за бројот на вработените луѓе и не се мерка за миграцијата“, вели статистиката на „ONS“.

Растот на платите во Велика Британија, сепак се уште е побавен од темпото на инфлација, која се наоѓа на 3%. Платите во приватниот сектор се зголемија на 2,6% во споредба со 2,5% во третиот квартал од минатата година.

Британската централна банка прогнозира дека невработеноста ќе достигне просек од 4,2% во наредните квартали, под прагот од 4,25%, кој според властите економијата може да ја поддржува, без да генерира инфлациски притисок.

Прогнозите за невработеноста зависат од тоа дали зголемување на платата е во комбинација со подобрување на продуктивноста, а последните податоци покажуваат некои позитивни сигнали. Производството на час се зголемило за 0,8% во четвртиот квартал по зголемувањето од 0,9% во претходните три квартали, што беше највисоко ниво од пред шест години.

Се очекува утре да биде потврдено дека британската економија порасна за 0,5% во четвртиот квартал од 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП