18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин гради ново кралство за руските компании, и добро му оди

Путин гради ново кралство за руските компании, и добро му оди

Египет ја надмина Кина како најголем купувач на руски производи, покажува статистиката.

Во 2017 година земјата увезла руска стока во вредност од речиси 1,8 милијарди долари, што е за 44 проценти повеќе во однос на претходната година.

Египет е најголемиот купувач на пченица во светот поради големата потрошувачка на леб. Пченицата ја набавува од Русија, Украина, Франција и САД.

Русија неодамна ја зголеми вредноста на договорот за извоз на пченица поради рекордната жетва на жито, а Египет е еден од најголемите купувачи. Извозот на пченица во Египет во просек изнесувал меѓу четири и пет милиони тони годишно, а се очекува да достигне шест милиони тони. Москва и Каиро моментално разговараат за можноста за учество на Русија во изградбата на инфраструктурата во Египет.

Двете земји исто така ја истражуваат можноста за потпишување на договор за слободна трговија. Договорот би можел да ја поттикне трговијата и инвестициите, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Да се потсетиме, уште во 2014 година рускиот претседател Владимир Путин и египетскиот претседател Абделфатах ел Сиси договорија изградба на руска индустриска зона.

Бројни водечки руски компании планираат да инвестираат околу 4,6 милијарди долари за изградбата, а се очекува дека проектот ќе биде готов во 2035 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП