19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКои светски брендови најверојатно нема да преживеат до 2014 година

Кои светски брендови најверојатно нема да преживеат до 2014 година

brendovi1

Секоја година порталот „24/7 Wall St.“ објавува листа на познати светски брендови за кои, врз основа на утврдените критериуми, проценува дека наскоро би можеле да исчезнат од пазарите.

Кои се тие брендови кои, според порталот, нема да преживеат до 2014 година, дознајте подолу. Секоја компанија која на нивната листа е опишана како „жртва“ исполнува неколку критериуми кои ја водат до исчезнување.

Брендовите кои би можеле да исчезнат до 2014 година:

Volvo

volvo2

Шведскиот производител можеби нема да исчезне во целиот свет, но на американскиот пазар сигурно нема да постои. „Volvo“ се специјализираше за автомобилите од средната класа, кои своето место не го најдоа на американскиот пазар. За САД автомобилите на „Volvo“ се премногу мали.

Olympus

olympus1

За пропаста на овој познат бренд се заслужни мобилните телефони со високо-квалитетни камери, кои целосно го избришаа пазарот за фотоапарати.

Mitsubishi Motors

motorsmit1

Причината за нивниот крај е превисоката цена за тоа што го нудат – во просек 25.000 долари, а на листата на безбедноста „Mitsubishi“ беше на последното место.

WNBA

wnba1

Женската национална лига „WNBA“ е основана во 1996 година и во моментов има само 12 тимови, но им недостасува популарност, гледаност и публика. Преносот од натпреварите не е популарен, па затоа и спонзорите не се заинтересирани за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП