19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА18,7 проценти повеќе патници на македонските аеродроми во првиот месец од годинава

18,7 проценти повеќе патници на македонските аеродроми во првиот месец од годинава

Бројот на превезени патници на двата аеродроми во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од министерството за транспорт и врски.

Според објавените податоци, во месец јануари 2018 година од двата аеродроми, превезени се вкупно 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7% споредено со јануари 2017 година.

На скопскиот аеродром, во месец јануари годинава регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со истиот месец лани, кога биле превезени 123.118 патници, е зголемување од 18,3%. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени патници за месец јануари е зголемен за 30,8% во однос на бројот на патници во истиот период лани.

Вo соопштението на Министерството за транспорт и врски стои дека и натаму посветено работат кон создавање на широка мрежа дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП