16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка нема да го воведе еврото пред 2019 година

Чешка нема да го воведе еврото пред 2019 година

cheshka2

Чешка очигледно нема да го воведе еврото пред 2019 година, изјави гувернерот на Чешката народна банка, Мирослав Сингер.

Новата влада, која ќе биде формирана по парламентарните избори наредната година, ќе поднесе барање за влез во монетарната унија  во 2016 година, смета тој.

Во случај да бидат избрани сили кои ќе се борат за побрз пристап во еврозоната, реално е барањето да се поднесе дури во 2016 година, така, влегувањето во еврозоната може да биде најрано во 2019 година, изјави Сингер на финансиската конференција во Прага.

Тој на почетокот на мај изјави дека Чешка најверојатно нема да може да го воведе еврото во наредните пет години, како што во април најави претседателот Милош Земан. Според Сингер, тоа е „првенствено политички проблем“.

Чешка во моментов не ги исполнува сите услови за воведување на еврото, но е во подобра позиција во споредба со многу земји од еврозоната.

Условите за воведување на еврото се одржување на дефицитот на јавните финансии под три проценти од бруто домашниот производ (БДП), јавен долг под 60 проценти и ниска инфлација. Меѓу другите критериуми спаѓаат и стабилноста на долгорочните кредитни стапки и стабилноста на девизниот курс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП